ЗАВЕСИ

Завесите се многу практични и и придаваат елегантност и хармонија на секоја просторија. Огромниот асортиман, широките можности за монтажа и големиот избор на бои и дезени ги прават универзално средство за заштита од сонцето.

РОЛО ЗАВЕСИ

Роло завесите се елегантни, стилски, одговараат на трендовите во уредувањето на модерниот дом. Тие се со исклучително лесен механизам за управување, се изработуваат, од текстилни материјали – 100% полиестер, полиестер и PVC или од фиберглас.
Прочитај повеќе

РОЛО ЗАВЕСИ ДЕН И НОЌ

Овој тип на завеси се проектирани така што да комбинираат два вида на материја-транспарентна, која пропушта светлина и непропустлива, која обезбедува заштита од светлина и приватност преку денот – така може да избирате дали да уживате на глетката низ прозорот или на приватноста во Вашиот дом, за која што допринесуваат завесите. Елегантни и стилски овој тип на завеси се добар завршеток на Вашиот ентериер, соодветно Ви нудатголем избор од модели, бои и материјали.
Прочитај повеќе

Вариолајт завеси

Вариолајт завесите се изработуваат од висококвалитетни платна со голем избор на бои, увезени од водечките земји во производството на текстил – Италија, Шпанија и Турција. Сшпецифично за нив е пто целосно ги заменуваат пердињата, придаваат комплетност на ентериерот на домот и канцеларијата и имаат различни степени на пропуштање, абсорпција и рефлектирање на сончевата енергија во зависност од потребите на клиентот.
Прочитај повеќе

Плисе завеси

Плисираните завеси комбинираат неповторлив дизајн со успешно контролирање на дневната светлина и температура.
Прочитај повеќе

Римски завеси

Римските завеси ги соединуваат комфортот со практичноста на завесите. Овој оригинален продукт го носи духот на истокот ие погоден за секој вкус и ентериер. При спуштени завеси, платното е скоро рамно пред термопанот, а при собирање-елегантно се преклопуваат.
Прочитај повеќе

Jaпонски sид

Погодна е за високи прозорци во „Француски“ стил и долги излози, како и за внатрешно преградување на простории.
Прочитај повеќе

Алуминиумски венецијанки

Се изработуваат од алуминиум со ширина на ламела 25 mm и 16 mm; Различни бои;
Прочитај повеќе

Дрвени венецијанки

Со промена на начинот на живот, дрвените венецијанки се почесто се користат во декорирање на домот. Тие создаваат топол и комфортен амбиент во просторијата и не се само функционален туку и декоративен продукт.
Прочитај повеќе